сабота, 5 јануари 2008

Затворено

Од сега па натаму ќе можете да ме најдете на

goran-tips.blog.com.mk

ама овој пат озбилно!!

петок, 4 јануари 2008

Кралски куп (Copa del Rey)

Десе во 12:00 часот беа извлеќени двојките од кралскиот куп во Шпанија па да не ја должам многу еве кои беа паровите:
1/8 ќе се игра на 9-ти и 16-ти Јануари:
1 - Рекреативо - Виљареал
2 - Севиља - Барселона
3 - Зарагоса - Расинг Сантандер
4 - Реал Мајорка - Реал Мадрид
5 - Атлетик Билбао - Еспањол
6 - Реал Батис - Валенсија
7 - Атлетико Мадрид - Виљадолид
8 - Гетафе - Леванте

1/4 ќе се игра на 23-ти и 30-ти Јануари а двојките ќе изгледат вака
Победник 1 - Победник 2
Победник 6 - Победник 7
Победник 8 - Победник 4
Победник 3 - Победник 5

четврток, 3 јануари 2008

:) :)

Добредојдовте назад. Единствано нешто што можам да кажам е дека со блогерајот продолжувам утре кога ќе дадам некоја информација во врска со престојниот натправар помеѓу Реал Мадрид и Зарагоза кој се игра во Недела во 19:00 часот.

среда, 26 декември 2007

Крај

Со овој пост сакам да ве поканам да го посетите мојот нов блог кој може да го најдете на goran-tips.blog.com.mk ,а бидејки сеуште се подготвува официјалното затварање на овој и почнување со работа на другиот блог би требало да се случи некој ден по нова година.Значи

goran-tips.blog.com.mk

сабота, 22 декември 2007

Ел Класико - Конечно


Шпанија па и светот оваа седмица ќе ја имаат превилегијата да го гледаат долго очекуваниот оваа сезона дуел помеѓу титаните од Шпанија Барселона и Реал Мадрид.
Реал Мадрид:
На овој дуел "кралевите" немат што да загубат бидејќи имаат предност од 4 поени во однос на Барселона.Но сепак и покрај тоа овој натпревар претставува најголем натпревар во досегашниот дел од сезоната , па со многу голема мотивација влегуваат и двата тима.Победа на овој натправар за Реал ќе претставува голема предност на прагот од новата година па во неа би можеле да влезат многу порелаксирано.Сепак тренерот на Реал Шустер мисли дека ова е натпревар како и сите други но освоени 3 поени многу би значеле во понатамошниот тек на првенството.За овој натпревар Шустер секако треба добро да размисли со кого ќе го започне бидејки јас лично не сум задоволен од тоа како Реал изигра против Осасуна , а посебно против Алициенте(1-1).И спред тоа што го пишива по највлијателните шпански медиуми и самиот Шустер не знае дали да почне со Баптиста или Гути и Робен или Шнајдер, но мислам дека ќе го направи најдобриот избор.Според моите сознанија Реал овој натпревар би требало да го почне со
(4-1-3-2) односно (4-4-2 во ромб)Casillas - Ramos, Cannavaro, Pepe, Heinze/Marcelo - Sneijder, Diarra, Baptista, Robinho - Raul, Van Nistelrooy.

Барселона
Оваа седмица едноставно се слуција премногу работи за играчите на Барселина да можат добро да се сконцентрираат на најголемото дерби на планетава.На почетокот од оваа седмица најлошата вест која можеше да ја добие тренерот на Барселона беше тоа што Меси ќе мора да паузира најмалку 1 месец.Некаде на средина од изминатава недела добра вест за Рајкард дека ќе може да смета на Анри , и кога конечно требаше да мислат на натпеварот против Реал на синокесниот тренинг Рајкард и Роналдињо добро се испокарале па бразилецот го напуштил тренингот пред време.Тоа едноставно не требаше да си го дозволат посебно пред натпревар како овој.Од караницата излегува дека Роналдињо сигурно нема да биде меѓу првите единаесетмина , а освен тоа од шпанските медиуми доаѓа и информација дека и Деко нама да биде меѓу првите единаесетмина па замена за овие двајца најверојатно ке бидат Сантош и Гудионсен.Рајкарт би требало да почне со
(4-3-3)Valdes - Puyol, Milito, Marquez, Abidal - Xavi, Toure, Gudjohnsen - Giovani, Eto'o, Iniesta.

Мое мислење е дека конечно време е Реал да им врати на Барселона за поразот од 2005/06 кога Реал беше поразен на домашен терен со 3:0
Последните 5 натпревари помеѓу Барселона и Реал Мадрид на Камп Ноу завршиле на следниот начин :
10.03.2007......Barselona-Real Madrid......3-3
01.04.2006......Barselona-Real Madrid......1-1
20.11.2004......Barselona-Real Madrid......3-0
06.12.2003......Barselona-Real Madrid......1-2
23.11.2002......Barselona-Real Madrid......0-0

петок, 21 декември 2007

Повторно во Рим



Денес во 12:00 часот беа извлечени двојките од 1/16 на финалето од најквалитетното клупско натпреварување Лигата на Шампионите.Реал Мадрид повторно ќе треба да патува во вечниот град Рим, но овој пат ќе игра против поквалитетниот и попопуларниот тим од Рим Рома.Првите натпревари ќе се играат на 19/20 Фебруари, а додека возвратните натпревари ќе се играат на 04/05 Март.Интер својот возвратен натпревар ќе го играт на 11 Март бидејки имаат заеднички стадион со Милан.

На 19 Фебруари:

Селтик - Барселона
Лион - Манчестер Јунајтед
Шалке 04 - Порто
Ливерпул - Интер

На 20 Фебруари:

Рома - Реал Мадрид
Арсенал-Милан
Олимпиакос - Челзи
Фенербахче - Севиља

петок, 14 декември 2007

Неприкосновени на врвот

Реал Мадрид конечно се наоѓаат во форма во која се очекува да бидат,а освен што победуваат во последно време играт и фудбал за око односно фудбал каков што сакат фановите на Реал а верувам и сите лубители на фудбалот.Во недела во главниот град на Шпанија доаѓа екипата на Осасуна која оваа сезона не игра баш најдобро.

Реал Мадрид
Окипата од главниот град на Шпанија уште од почетокот на сезонава застана на чело на Ла Лига и верувам дека нема да си дозволи луксуз во ова коло да загуби бодови ако се знае дека Барса има тешко гостување на Местаља против екипата на Валенсија.Екипата на Реал последните три кола ги одигра на највисоко ниво и доколку против Осасуна одигра на истото ниво едноставно гостите ќе немаат никакви шанси да сторат нешто повеќе.Исто така факт е дека Реал на домашен терен игра многу подобар фудбал со многу голови(во последните пет кола постигнува најмалку 3 погодока).Кога станува збор за составот Шустер нема да има многу проблеми бидејќи со вреќањето на Хаинце Шустер ќе може да смета речиси на сите свои играчи(освен Мацелдер кој е повреден).Па пореди тоа тренерот на Реал би можел да почне со истиот состав како и против Лацио а тој беше
(4-3-3): Casillas - Sergio Ramos, Pepe, Cannavaro, Marcelo - Sneijder/Drenthe, Diarra, Baptista - Robinho, Raul (c), van Nistelrooy

Осасуна
Екипата од Баскија сезонава не ја почнаа најдобро па затоа се наоѓаат на очајното 14 место за нив.Ако се земе предвид дека Осасуна сезоната 05/06 ја завршија на четвртото место по се изгледа дека нешто се случува со клубот.На почетокот од сезонава непотребно изгубија бодови против екипи од калибарот на Алмерија,Рекреативо и Гетафе но со тешки маки освоија бодови од натпреварите против Барселона и три од Виљареал.Сепак овиј месец го започнаа добро и во последните четири натпревари на знаат за пораз.За разлика од Шустер тренерот на Осасуна ќе има повеке проблеми при составувањето на стартните еденаесетмина.Нема да може да смета на Чави Гарсија и Жуанфран бидејки во договорот на овие фудбалери стои клауза со која овие играчи не смеат да играт против нивниот матичен клуб а тоа е клубот на Реал Мадрид.Исто така тренерот на Осасуна нема да може да смета на повредените Гарде,Изгуердо,Јосе и Јава Некоум па стартните единаесетмина би изгледале вака
(4-1-4-1): Ricardo - Azpilicueta, Cruchaga, Miguel Flaño, Corrales - Puñal (c) - Plašil, Font, Viana/Delporte, Vela - Portillo/Dady

понеделник, 10 декември 2007

Најважниот меч


Ова е последниот,најважен, натпревар од Ц групата во кој Лацио му гостува на Реал
Мадрид.Најважен бидејки во оваа група сеуште никој не обезбедил пласман понатаму а се игра последното коло.Разликата меѓу Лацио и Реал е само 3 бода што овој натпревар го прави уште поинтересен.Реал Мадрид во овој натпревар има шанси по 11 сезони фазата по групи да ја заврши прв што ке му обезбеди навидум полесен противник во 1/16
финалето.Сега за сега Реал Мадрид е лидер на табелата со ист број бодови како и Олимпиакос кој во последното коло го пречекува Вердер од Бремен.Вердер е на третото место и само со победа може да си обезбеди пласман понатаму.Да се вратиме на натпреварот меѓу Реал и Лацио.
На последните два натпревари одиграни во лигата на шампионите Реал Мадрид освои само еден бод и тоа против Олимпиакос на гости додека во последното коло беа поразени од Вердер во Бремен.Но сега се враќаат на домашна територија каде до сега на знаат за ништо друго освен за победа без разлика за каков вид на натпреварување станува збор.Исто така на последните 24 одиграни натпревари од Лигата на шампионите на домашен терен Реал бил поразен само еднаш и тоа во 2006 година во натпреварот од 1/16 финалето против Арсенал.
Кога некој ќе каже Лацио тоа веднаш не асоцира на Горан Пандев.Оваа сезона Пандев стана една од најзабележителната личност во составот на Лацио.По постигнатите 2 гола против Реал во Рим се очекува и овој пат да блесне.Во последниот натпревар помаѓу Реал Мадрид и Лацио одигран во Мадрид во 2000/01 година Реал Мадрид победи со 3-2.Во последните 2 натпревари Лацио не освои ниту бод иако во последното коло играше на домашен терен против Олимпиакос кој заврши со резултат 2-1 за Грците.
Во поглед на овој натпревар постојат многу колкулации за тоа кој би можел да продолжи понатаму и тоа кој би можел да остане со празни раце.Реал Мадрид не продолжува понатаму со натпреварите единствено ако Олимпиакос победи а Реал загуби најмалку со 2 гола разлика од Лацио.Реал продолжува ако победи или одигра нерешено.Реал продолжува и во случај да загуби но не повеќе од еден гол а Вердер да не победи.
Во поглед на составите и двајцата тренери нема да имаат многу проблеми при составувањето на тимовите.Шустер нема да може да смета на Мацелдер кој се повреди но во составот се врака Хаинце.Шустер би требало да стартува со
(4-1-3-2): Casillas - Sergio Ramos, Pepe, Cannavaro, Marcelo - Diarra - Sneijder, Baptista, Robinho - Raúl (c), van Nistelrooy
Тренерот на Лацио нема да може да смета на Бехрами во во составот местото на Бехрами би требало да го замени Лионел Сколани.Роси би требало да стартува со
(4-3-1-2): Ballota - Scaloni, Stendardo, Cribari, Zauri (c) - Mudingayi, Ledesma, Mutarelli - Mauri - Pandev, Rocchi

Јас лично би сакал и двете екипи да одат понатаму но бидејки тоа не е можно искрено сакам Пандев да биде најдобар на теренот но Реал Мадрид да оди понатаму ако е и тоа можно?

за тоа што вие мислете ве молам во коментерите бидејки мене ми е многу важно вашето мислење!