петок, 23 ноември 2007

Загревање за Лига на Шампиони


По завршувањето на квалификациониот циклус за Euro O8 фудбалерите се вратија во своите клубови.Денес во Реал Мадрид се вратија и последните фудбалери Робињо и Баптиста,па се спремат за саботниот дуел против Мурчија.

Мурчија е клуб кој имасе доста време за да се подготви да го изненади големиот Реал.Мурчија стартуваше добро со победа над Зарагоса,а по две седмици играше нарешено со Атлетико Мадрид.Но на последните 6 натпревари Мурчија победи само еднаш , а има постигнато само еден гол.И покрај тоа сеуште котира "високо" на табелата односно на 13 место.Натпреварот против Реал Мурчија би требало да го почне со: (4-4-2): Notario - De Coz, Arzo, Ochoa, Peña - De Lucas, Abel, Movilla, Jofre - Alonso (c), Baiano

Реал Мадрид имаше повеќе проблеми од Мурчија бидејки речиси сите првотимци беа со своите репрезентации.Денес се вратија сите фубалери па имаат само 24 часа да се спремат за саботниот натпревар.Руд ван Нистелрој и Хајце се вратија порано од потребното бидејки заработија повреди кои ке ги оддалечат од терените,но според информации од клубот РВН се опоравил од повредата и е во составот против Мурчија.Хајнце би требало да биде заменет со Марсело кој игра одлично по левата страна.Еве со кој Реал би требало да го почне натпреварот:(4-1-3-2): Casillas - Sergio Ramos, Metzelder/Pepe, Cannavaro, Marcelo - Diarra - Sneijder, Guti, Robinho - Raúl (c), Iguain(RVN)
Руд ван Нистелрој го ставам во измените бидејќи можно е да му се даде одмор за натпреварот од Лига на Шампиони против Вердер Бремен

Сензационална изјава на Рамон Калдерон
Рамон Калдерон претседателот на Реал Мадрид изјави дека е задоволен од тоа како се одвиваат настаните во клубот и од работењето на тренерот Шустер.Интересно е тоа што тој очекува до големото дерби кое се игра на 21 Декември на Камп Ноу Реал Мадрид во однос на Барселона да има водство од 10-12 бода.До 21 Декември има уште околу еден месец односно 4 лига

Нема коментари: