вторник, 27 ноември 2007

Лига на Шампиони


По нешто повеќе време од воебичаеното Лигата на Шампионите е повторно на програмата.Секако мене сто најмногу ме интересира е групата Ц каде сто се наога Реал Мадрид.Но бидејки групата Ц ќе се игра во Среда ќе напишам и нешто и за другите групи кои се играт во Вторник.
Во групата Е се среќаваат Штудгарт-Ренџерс и Лион-Барселона.Во првиот натпревар од оваа група се среќаваат последно пласираниот Штудгарт кој нама ниту еден освоен бод,а додека пак Ренџерс се борат за влез во втората фаза.Во вториот натпревар се среќаваат Лион и Барселона.Во овој натпревар Барселона може да си го осигура влезот во следната фаза но исто така пак Лион се бори за продолжување на натпреварите,а исто така сите знаеме како Барселона игра на гостински терен сезонава.
Во групата Ф Манчестер Јунајтед е сигурен патник понатаму па во мечот против Спортинг Алекс Фергусон може да им даде шанса на младите фудбалери што секако фудбалерите на Спортинг можат да го искористат и со евентуална победа повторно да се најде во трката за влез во втората фаза.Во вториот натпревар Рома доколку сака да продолжи понатаму ќе треба да го победи Динамо Киев на гости.Динамо Киев нема освоено ниту еден бод во десегасните одиграни натпревари.

Во групата Г се среќаваат Интер-Фенетбахче и ЦСКА Москва-ПСВ.ЦСКА Москва-ПСВ се игра порано од вообичаеното односно во 18:45.Во овој натпреват и двете екипи влегуваат без шанси за продолжување во вторета фаза од лигата на шампионите.Но повторно овое натпревар ке се игра на највисоко ниво бидејки овде борбата ќе биде за Купот на УЕФА.Во натпреварот Интер-Фенербахче борбата ќе биде за освојување на првото место кое понатаму носи "полесен" противник.

И во групата Х се е решено.Арсенал и Севилја се сигурни патници понатаму па натпреверот мегу нив можат да го одиграт мирољубиво без многу претензии за победа.Кога станува збор за вториот натпревар од оваа група кој се игра ва Букурешт помеѓу Стеауа и Славиа Прага може да има повеке борба бидејки сеусте двете екипи имаат шанси ако не друго да останат барем во Европа односно да играт во Купот на УЕФА.

А сега нешто и за натпреварот од Ц групата помеѓу Вердер и Реал Мадрид.

Вердер:

Овој натпревар за Вердер представува земи или остави.Доколку сега загубат тие ги губат и шансите за продолжување понатами со натпреварите од лигата на шампионите.Оваа сезона четирикратниот шампион на Германија го имаше својот најслаб стерт на сезона,а како последица на тоа во тимот беше нарушена атмосверата а тренерот Шав беше и пред отказ.Но сега кога некои од повредените фудбалери се вратија на теренот Вердер се искачи на втората позиција со само еден бод заостанување во однос на Баерн Михен.Но кога станува збор за лига на сампиони тимот на Вердер во досегашните четири натпревари има забележано само една победа а останатите три натпревари ги загуби.За натпреварот против Реал Мадрид тренерот на Вердет нема да може да смета на својата можеби единствена ѕвезда во тимот а тоа е Диего кој заработи црвен картон на предходниот натпревар против Лацио.Па без Диего составот на Вердер би требало да изгледа вака:

(4-3-1-2): Wiese - Fritz, Mertesacker, Naldo, Pasanen - Jensen, Baumann (c), Borowski - Carlos Alberto - Sanogo, Rosenberg

Реал Мадрид:
Клубот од главниот град на Шпанија и деветкратниот освојувач на лигата на шампионите во овој натпревар не влегува на нивото на кое се очекува.Можеби се наоѓа во мала криза бидејки на последните четири натпревари има забележано само една победа.Исто така факт е дека на гостувањата Реал не е така убедлив кога станува збор за ова натпреварување односно на последните осум натпревари на гости Реал има забележано само една победа.Но Шустер добро зана дека со победа на овој овој натпревар ке си го осигура влезот во втората фаза.Па токму заради ово шустер направи неколку промени во составот за разлика од дуелот против Мурчија (кој заврши 1-1).Од составот се изоставени Солдадо и Дренте поради грип,Пепе и Игуаин поради повреда а Балбоа и Салгадо останаа во Мадрид бидејку Шустер така сака.Составот на Реал за овој натпревар би изгледал вака:
(4-2-3-1): Casillas - Sergio Ramos, Metzelder, Cannavaro, Marcelo - Diarra, Gago - Robinho, Guti, Raúl (c) - van Nistelrooy

Моја прогноза за натпреварот Вердер-Реал Мадрид е 1:2 за Реал Мадрид!?!

Нема коментари: