петок, 30 ноември 2007

Време е за победа


По непогодниот за Реал Мадрид период време е за победа,но и овој пат нема да биде лесно бидејки игра со незгодниот Расинг Сантандер.
Сантандер
Екипата на Реаинг Сантандер го има најдобриот старт на сезона во последните 70 години.Тоа се должи на петте победи и шесте нарешени резултати во изминатите 13 кола.По двата порази доживеани уште во Септември екипата на Расинг нема доживеано пораз на последните 8 натпревари од Ла Лига.Освен тоа Расинг ја има најдобрата одбрана во Шпанска Премера односно има примено само 9 гола и е единствената екипа кеја има едноцифрен број примени голови.Ако се знае дека во последното одиграно коло Расинг Сантендер заслужено ја победи Валенсија повеке од сигурно е дека нама да му дозволи на Реал лесна победа.
42-годишниот тренер на Сантандер Марселињо Гарсија не би требало да внесува многу промени во првите единаесетмина од мечот против Валенсија и би требало да стартува со

(4-4-2):
Toño - Samuel, Oriol, Garay, Fernandez - Lopez, Duscher, Colsa, Serrano - Tchité, Munits (c)

Реал Мадрид
Факт е дека последниот период e неплоден за Реал.Во овој месец Реал Мадрид има забележано само една победа и тоа против Мајорка на домашен терен со резултат од 4-3.Во изминатава седмица во одиграните 2 натпревари Реал има освоено само еден бод што за тим како Реал е катастрофално.Можеби лошите резултати се должат на тоа што во изминатиов период Реал има одиграно само еден натпревар на домашен терен и тоа против Мајорка кој Реал го доби.Исто така интересно за Шпанската лига е тоа што речиси сите водечки екипи играат многу потешко на гости па и затоа киксот на ривалот не се казнува односно тешките игри на Реал и Барселона на гостински терен не се казнуваат па овие две екипи го држат врвот од табелата(Реал 1,Барселона 3).Но сега Реал игра на домашен терен каде Реал годинава нема доживеано пораз.На последните 30 натпревари на домашен терен Реал Мадрид има доживеано само еден пораз а интересно е тоа што од тие 3 загубени натпревари токму Сантандер го има победено Реал(пред 2 години).Но тоа беше во годините кога Реал беше непрепознатлив во своите игри.Во овој натпревар Гути е суспендиран поради црвениот картон добиен во натпреварот против Мурчија во минатото коло.Добра вест за Шустер е тоа што Шнајдер е целосно опоравен па според мен во овој натпревар би требало да ги видеме најдобрите во средниот ред.Во одбраната Шустер нама да може да смета на Хаинце,но се враќа Канаваро кој би требало во одбраната да им прави друштво на Пепе,Рамос и Марсело.Во нападот во овој натпревар шанса би требало да добие Игуаин на мастото на Ван Нистелрој кој очигледно на е во најдобра форма.Во овој натпревар Шустер би требало да почне со
(4-1-4-1): Casillas - Sergio Ramos, Pepe, Cannavaro, Marcelo - Diarra - A.Robben,Sneijder, Higuain, Robinho - Raul(c).

Во секој случај очекувам Реал да го продолжи својот рекорд без пораз на домашен терен.

2 коментари:

Анонимен рече...

Форан моам да кажам дека правиш добри најави и анализи на натпреварите на Реал. Штета што на блогов нема доволно посетители и коментари. Еве ти преддлог да се префрлиш на блог.цом.мк и така да се приклучиш на спортската блог заедница. Би било добро и товојот блог да биде читан. Поздрав

Анонимен рече...

Што се однесува до натпреварот со Расин, можамда речам дека раното водство од 2 гола ни ја олесни работата многу. Расинг е силна екипа и во одсуство на Гути ќе ни беше тешко да создаваме акции пред гостите. Неколкуте шанси беа резултата на отворената игра на Расиг кој беше приморан на тоа. Можам да речам дека без Гути како да ни фали препознатливост во играта и постојано се шара те на една те на друга страна и често фудбалерите ги менуваат своите позиции за време на напреварот.