петок, 7 декември 2007

На најжешкиот стадион


Реал Мадрид се подготвува за едно од своите најтешки гостување сезонава.Иако до сега гостуваше во Савиља.Валенсија и Виљареал ова е најтешко гостување за Реал.На дека Атлетик Билбао е многу јака екипа туку поради фактот што е Баскиски клуб а се знае дека политичките односи меѓу Баскија и Мадрид не се најдобри(да не кажам лоши).Исто така овие две екипи се разликуваат по тоа што Атлетико Билбао во своите редови има фудбалери исклучително Баскијци што представува повеќе од стогодишна традиција односно од кога постои клубот.Кога станува збор за Реал тие имаат огромен буџет па можат да си дозволат во своите редови да го имаат секој играч па во моментот од својата школа имаат само тројца играчи.Интересно за Атлетико Билбао е тоа што таа е единствената екипа(освен Реал Мадрид и Барселона) која нема играно во втората Шпанска лига.Реал Мадрид во овој натпревар ке настојува да дојде до трите бода што дополнително би им го зголемил моралот пред натпреварот од Лигата на Шампионите против Лацио.Но бидејки Реал Мадрид на овој натпревар ќе мисли и на Лигата на Шампионите и со бод би биле задоволни.Ако се знае дека Атлетико Билбао во последно време игра добро што кулминираше се победа во минатото коло на гостински терен против Валенсија повеќе од сигурно е дека на Реал ќе му биде многу тешко од оваа гостување да се врати во Мадрид со полн плен.
Тренерот на Атлетико Билбао ќе има проблеми при создавањето на својот тим бидејки нама да може да смета на пет играчи од својот тим.Единствено добра околност е добро тоа што во тимот се враќа Аитор Осио кој минатото коло беше суспендиран.
Во првиот тим на Реал би требало да стартува Баптиста кој во последните два натпревари одигра фантастично.Левата страна му е загарантирана на Робињо , а на средината на теренот би требало да се врати Гути кој ја одлежа казната од една натпревар поради црвениот картон добиен на натпреварот против Мурчија.Во составот на Реал сигурно ќе ги нема Хаинце,Игуаин,Салгадо,Солдадо,Балбоа и Мецелдер кој останаа во Мадрид.

Нема коментари: