понеделник, 10 декември 2007

Најважниот меч


Ова е последниот,најважен, натпревар од Ц групата во кој Лацио му гостува на Реал
Мадрид.Најважен бидејки во оваа група сеуште никој не обезбедил пласман понатаму а се игра последното коло.Разликата меѓу Лацио и Реал е само 3 бода што овој натпревар го прави уште поинтересен.Реал Мадрид во овој натпревар има шанси по 11 сезони фазата по групи да ја заврши прв што ке му обезбеди навидум полесен противник во 1/16
финалето.Сега за сега Реал Мадрид е лидер на табелата со ист број бодови како и Олимпиакос кој во последното коло го пречекува Вердер од Бремен.Вердер е на третото место и само со победа може да си обезбеди пласман понатаму.Да се вратиме на натпреварот меѓу Реал и Лацио.
На последните два натпревари одиграни во лигата на шампионите Реал Мадрид освои само еден бод и тоа против Олимпиакос на гости додека во последното коло беа поразени од Вердер во Бремен.Но сега се враќаат на домашна територија каде до сега на знаат за ништо друго освен за победа без разлика за каков вид на натпреварување станува збор.Исто така на последните 24 одиграни натпревари од Лигата на шампионите на домашен терен Реал бил поразен само еднаш и тоа во 2006 година во натпреварот од 1/16 финалето против Арсенал.
Кога некој ќе каже Лацио тоа веднаш не асоцира на Горан Пандев.Оваа сезона Пандев стана една од најзабележителната личност во составот на Лацио.По постигнатите 2 гола против Реал во Рим се очекува и овој пат да блесне.Во последниот натпревар помаѓу Реал Мадрид и Лацио одигран во Мадрид во 2000/01 година Реал Мадрид победи со 3-2.Во последните 2 натпревари Лацио не освои ниту бод иако во последното коло играше на домашен терен против Олимпиакос кој заврши со резултат 2-1 за Грците.
Во поглед на овој натпревар постојат многу колкулации за тоа кој би можел да продолжи понатаму и тоа кој би можел да остане со празни раце.Реал Мадрид не продолжува понатаму со натпреварите единствено ако Олимпиакос победи а Реал загуби најмалку со 2 гола разлика од Лацио.Реал продолжува ако победи или одигра нерешено.Реал продолжува и во случај да загуби но не повеќе од еден гол а Вердер да не победи.
Во поглед на составите и двајцата тренери нема да имаат многу проблеми при составувањето на тимовите.Шустер нема да може да смета на Мацелдер кој се повреди но во составот се врака Хаинце.Шустер би требало да стартува со
(4-1-3-2): Casillas - Sergio Ramos, Pepe, Cannavaro, Marcelo - Diarra - Sneijder, Baptista, Robinho - Raúl (c), van Nistelrooy
Тренерот на Лацио нема да може да смета на Бехрами во во составот местото на Бехрами би требало да го замени Лионел Сколани.Роси би требало да стартува со
(4-3-1-2): Ballota - Scaloni, Stendardo, Cribari, Zauri (c) - Mudingayi, Ledesma, Mutarelli - Mauri - Pandev, Rocchi

Јас лично би сакал и двете екипи да одат понатаму но бидејки тоа не е можно искрено сакам Пандев да биде најдобар на теренот но Реал Мадрид да оди понатаму ако е и тоа можно?

за тоа што вие мислете ве молам во коментерите бидејки мене ми е многу важно вашето мислење!

Нема коментари: