сабота, 22 декември 2007

Ел Класико - Конечно


Шпанија па и светот оваа седмица ќе ја имаат превилегијата да го гледаат долго очекуваниот оваа сезона дуел помеѓу титаните од Шпанија Барселона и Реал Мадрид.
Реал Мадрид:
На овој дуел "кралевите" немат што да загубат бидејќи имаат предност од 4 поени во однос на Барселона.Но сепак и покрај тоа овој натпревар претставува најголем натпревар во досегашниот дел од сезоната , па со многу голема мотивација влегуваат и двата тима.Победа на овој натправар за Реал ќе претставува голема предност на прагот од новата година па во неа би можеле да влезат многу порелаксирано.Сепак тренерот на Реал Шустер мисли дека ова е натпревар како и сите други но освоени 3 поени многу би значеле во понатамошниот тек на првенството.За овој натпревар Шустер секако треба добро да размисли со кого ќе го започне бидејки јас лично не сум задоволен од тоа како Реал изигра против Осасуна , а посебно против Алициенте(1-1).И спред тоа што го пишива по највлијателните шпански медиуми и самиот Шустер не знае дали да почне со Баптиста или Гути и Робен или Шнајдер, но мислам дека ќе го направи најдобриот избор.Според моите сознанија Реал овој натпревар би требало да го почне со
(4-1-3-2) односно (4-4-2 во ромб)Casillas - Ramos, Cannavaro, Pepe, Heinze/Marcelo - Sneijder, Diarra, Baptista, Robinho - Raul, Van Nistelrooy.

Барселона
Оваа седмица едноставно се слуција премногу работи за играчите на Барселина да можат добро да се сконцентрираат на најголемото дерби на планетава.На почетокот од оваа седмица најлошата вест која можеше да ја добие тренерот на Барселона беше тоа што Меси ќе мора да паузира најмалку 1 месец.Некаде на средина од изминатава недела добра вест за Рајкард дека ќе може да смета на Анри , и кога конечно требаше да мислат на натпеварот против Реал на синокесниот тренинг Рајкард и Роналдињо добро се испокарале па бразилецот го напуштил тренингот пред време.Тоа едноставно не требаше да си го дозволат посебно пред натпревар како овој.Од караницата излегува дека Роналдињо сигурно нема да биде меѓу првите единаесетмина , а освен тоа од шпанските медиуми доаѓа и информација дека и Деко нама да биде меѓу првите единаесетмина па замена за овие двајца најверојатно ке бидат Сантош и Гудионсен.Рајкарт би требало да почне со
(4-3-3)Valdes - Puyol, Milito, Marquez, Abidal - Xavi, Toure, Gudjohnsen - Giovani, Eto'o, Iniesta.

Мое мислење е дека конечно време е Реал да им врати на Барселона за поразот од 2005/06 кога Реал беше поразен на домашен терен со 3:0
Последните 5 натпревари помеѓу Барселона и Реал Мадрид на Камп Ноу завршиле на следниот начин :
10.03.2007......Barselona-Real Madrid......3-3
01.04.2006......Barselona-Real Madrid......1-1
20.11.2004......Barselona-Real Madrid......3-0
06.12.2003......Barselona-Real Madrid......1-2
23.11.2002......Barselona-Real Madrid......0-0

2 коментари:

Анонимен рече...

pobeda nad Barca na gosti BravoS za Real pozdrav

Анонимен рече...

Младичу успеавме. Убаво е по долго време да се осеќаш моќно. Се надевам дека ќе потрае ...