петок, 14 декември 2007

Неприкосновени на врвот

Реал Мадрид конечно се наоѓаат во форма во која се очекува да бидат,а освен што победуваат во последно време играт и фудбал за око односно фудбал каков што сакат фановите на Реал а верувам и сите лубители на фудбалот.Во недела во главниот град на Шпанија доаѓа екипата на Осасуна која оваа сезона не игра баш најдобро.

Реал Мадрид
Окипата од главниот град на Шпанија уште од почетокот на сезонава застана на чело на Ла Лига и верувам дека нема да си дозволи луксуз во ова коло да загуби бодови ако се знае дека Барса има тешко гостување на Местаља против екипата на Валенсија.Екипата на Реал последните три кола ги одигра на највисоко ниво и доколку против Осасуна одигра на истото ниво едноставно гостите ќе немаат никакви шанси да сторат нешто повеќе.Исто така факт е дека Реал на домашен терен игра многу подобар фудбал со многу голови(во последните пет кола постигнува најмалку 3 погодока).Кога станува збор за составот Шустер нема да има многу проблеми бидејќи со вреќањето на Хаинце Шустер ќе може да смета речиси на сите свои играчи(освен Мацелдер кој е повреден).Па пореди тоа тренерот на Реал би можел да почне со истиот состав како и против Лацио а тој беше
(4-3-3): Casillas - Sergio Ramos, Pepe, Cannavaro, Marcelo - Sneijder/Drenthe, Diarra, Baptista - Robinho, Raul (c), van Nistelrooy

Осасуна
Екипата од Баскија сезонава не ја почнаа најдобро па затоа се наоѓаат на очајното 14 место за нив.Ако се земе предвид дека Осасуна сезоната 05/06 ја завршија на четвртото место по се изгледа дека нешто се случува со клубот.На почетокот од сезонава непотребно изгубија бодови против екипи од калибарот на Алмерија,Рекреативо и Гетафе но со тешки маки освоија бодови од натпреварите против Барселона и три од Виљареал.Сепак овиј месец го започнаа добро и во последните четири натпревари на знаат за пораз.За разлика од Шустер тренерот на Осасуна ќе има повеке проблеми при составувањето на стартните еденаесетмина.Нема да може да смета на Чави Гарсија и Жуанфран бидејки во договорот на овие фудбалери стои клауза со која овие играчи не смеат да играт против нивниот матичен клуб а тоа е клубот на Реал Мадрид.Исто така тренерот на Осасуна нема да може да смета на повредените Гарде,Изгуердо,Јосе и Јава Некоум па стартните единаесетмина би изгледале вака
(4-1-4-1): Ricardo - Azpilicueta, Cruchaga, Miguel Flaño, Corrales - Puñal (c) - Plašil, Font, Viana/Delporte, Vela - Portillo/Dady

2 коментари:

Анонимен рече...

Горан дома играме фантастично.Тимот е носен од публиката и веќе и неикој не сака да игра бункер на Бернабе бидејќи знае дека од старт ќе биде поразен. Тоа пак ни остава доволно простор за егзибиции. Очекувам со минимум 4 бода да идеме на Ноу Камп. Бај д веј одличен податок си оставил кај мене на блог, кој не знам како ми се провлекол низ глава воопшто.

Анонимен рече...

И те молам размисли да се префрлиш на блог.цом.мк пошто ми треба уште еден вака квалитетен блогер таму. Посебно навивач на Реал.